Project Description

Ви овозможуваме помош во моментот кога ќе се случи незгода во домот за која е неопходна итна интервенција од мајстор. Со само еден телефонски повик кон нашата асистентска куќа „Сава стејшн“ добивате инструкции и помош за санирање на проблемот. Мајсторот ќе биде испратен во најкраток можен рок за да ја изврши неопходната поправка. Освен тоа, добивате и покривање на трошоците за првиот работен час, а услугата е достапна 24/7.

Полисата за Домашна асистенција – преку повикот кон асистентскиот центар – значи организација на помош при итен случај, односно обезбедува:

  • Занаетчиски услуги / сервисери за:
    • водовод и канализација;
    • електрични инсталации;
    • грејни тела;
    • клима-уреди;
    • покриви и стреи;
    • врати и прозори;
    • надворешни стакла;
    • чистење;
  • Услуги на превоз и привремено сместување ако не е можен престој во домо поради дефектот;
  • Услуги на обезбедување на домот;
  • Информации за можни изведувачи доколку, поради дефектот, клиентот има потреба од:
    • привремено отселување;
    • ветеринарни услуги;
    • услуги од други стручни лица;
    • проследување на информациите;
  • Отворање на влезни врати што не можат да бидат отворени поради дефект на бравата.

За пријавување штета, јавете се на 0800 80 000