Project Description

Вистинското богатство на едно општество се неговите луѓе – децата со своите родители, нивните соседи, учителите, спортските тренери…а на бизнисот – неговите вработени. Нивната заштита од незгоди е особено важна ако се има предвид дека несреќните случаи се најчесто придружени со трајни последици и предизвикуваат зголемени трошоци за лекување, боледување и слично.

Затоа е важно да бидат осигурени ризиците од: трошоци за лекување како последица на несреќен случај, привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, како и смрт како последица на несреќен случај.

Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања. Заштитата се однесува на сите индивидуално осигурени лица, но и на ица осигурени во група. На овој начин, вие, вашите најмили и вашите вработени сте осигурени 24/7 од незгоди, без оглед на тоа каде настанале тие.

Има бројни покритија за осигурување од незгода, но најчести се следниве:

Осигурување на лица при извршување и вон извршување на редовното занимање

  • поединечно (индивидуално) осигурување на лица;
  • колективно осигурување на работници;
  • осигурување на членови на домаќинства;
  • колективно осигурување на членови на домаќинство на земјоделски производители;
  • колективно осигурување на пензионери;
  • осигурување на раководители (менаџери).

Осигурување на лица во моторни возила или при вршење посебни дејности  

  • осигурување на возачи, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода);
  • осигурување на членови на спортски организации од последици на несреќен случај;
  • осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење со авион и други воздушни летала од последици на несреќен случај.

Осигурување на деца и училишна младина од последици на несреќен случај

Посебни осигурувања од незгода

  • гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови;
  • гости во бањски лекувалишта;
  • посетители на јавни капалишта;
  • посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби.

Контактирајте нé за сите дополнителни информации.