Project Description

Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. Не знаеме што не чека на следната кривина. Најсигурен начин секогаш подготвени да ја дочекаме кривината, е да се осигураме.

Со онлајн-патничкото осигурување можете во секое време брзо и едноставно да склучите осигурување и да имате покритие од полноќ истиот ден, за почетна сума од 2 евра.

Основни карактеристики на патничкото осигурување:

Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година.

Осигурувањето може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско, бизнис или групно патување.

Од асистентскиот центар, достапен 24/7, добивате организација и поддршка во случаи на потреба од итна медицинска грижа, правна помош, помош со изгубен багаж при патување со авион.

Покритија на поединечните пакети

GOLD, PLATINUM и VIP

Осигуран ризик Осигурани Суми
GOLD PLATINUM VIP
Трошоци за лекување 30,000 € 30,000 € 50,000 €
Враќање на деца до 14 години во земјата 15,000 € 15,000 € 30,000 €
Враќање на посмртни останки 30,000 € 30,000 € 30,000 €
Посета на пациент до 200 € 200 € 400 €
Продолжување на престој по лекување до 100 € 100 € 200 €
Придружба на пациент до 100 € 100 € 200 €
Надомест на телефонски трошоци до / 50 € 100 €
Кражба или провална кражба на багаж до / 300 € 600 €
Задоцнето пристигнување багаж до / 100 € 130 €
Загуба на патни документи  до / 50 € 50 €
Замена на состаноци до / /  1,000 €
Враќање на моторно возило до / / 1,000 €
Правна помош до 100 €

Територијално покритие

пакет територијално покритие
GOLD, PLATINUM, VIP цел свет

Доплата и попусти

Доплата

  • за осигурување од спортски ризик;
  • за професионални возачи
  • за студенти кои студираат во странство, се на пракса во странство или работат сезонска работа во странство
  • за лица од 65 до 75 години старост;
  • за лица од 75 до 80 години старост;

 Попусти

  • за студенти – 15% попуст;
  • за семејно патување – 15% попуст;
  • за групни патувања (5 и повеќе лица) – 20% попуст;
  • за бизнис патувања – 20% попуст.

Како да постапите во случај на незгода?

Во случај на незгода, Ви овозможува 24-часовна поддршка на телефонскиот број:

+389 2 5101 525

При пријава на штетата во асистентскиот центар, ве молиме поднесете ги следниве податоци:

  • име и адреса (од осигурителната полиса),
  • број и важност (од осигурителната полиса),
  • локација и телефонски број на којшто може да бидете контактирани,
  • краток опис на проблемот и вид на помош што ви е потребна.

Опционално, медицинските трошоци можете самостојно да ги платите и да ви ги рефундираме средствата по враќањето, но најмногу до 150 евра. Во овој случај, треба да го известите медицинскиот персонал или останатите добавувачи на услуги дека треба да подготват извештај кој вклучува:

  • име и адреса на осигуреникот,
  • опис на болеста и третманот,
  • цени за индивидуалните услуги,
  • адреса, печат и потпис од докторот, медицинскиот центар, аптеката и да ви ја предадат и останатата медицинска документација.

Овие документи ќе ви овозможат исплата на средствата по враќањето дома, брзо и едноставно.