Project Description

Класично капитално осигурување за случај на смрт и доживување

Кај тарифата за животно осигурување ГАД1 покритието во текот на траењето на осигурувањето секогаш е еднакво на осигурениот износ. Во случај на доживување на осигурувањето, осигуреникот го добива целиот договорен осигурен износ заедно со добивката која и припаѓа. Во случај на природна смрт на осигуреникот за време на траење на осигурувањето, корисниците на осигурувањето добиваат еден цел договорен осигурен износ, со добивката која му припаѓа до тој период.

Во случај на смрт на осигуреникот како последица од незгода, корисниците на осигурувањето добиваат двократен износ на договорениот осигурен износ со добивката која му припаѓа до тој период.

Документи со клучни информации