Project Description
Мешовито капитално осигурување за случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија
Кај тарифата за животно осигурување ГАД11 покритието за времетраење на осигурувањето секогаш е еднакво на договорениот осигурен износ.
Во случај на доживување на осигурувањето, осигуреникот добива еден цел договорен осигурен износ со добивка која му припаѓа до тој период.
Во случај на природна смрт или смрт на осигуреникот како последица од незгода за времетраење на осигурувањето, корисниците на осигурувањето добиваат еден цел договорен осигурен износ со добивката која му припаѓа до тој период.