Project Description
Мешовито осигурување за случај на смрт и доживување со скалест растечки осигурен износ
Мешовито осигурување за случај на смрт и доживување со скалест растечки осигурен износ за случај на смрт и пресметување на добивката која му припаѓа и плаќање на премија за целовреметраење на осигурувањето или со скратено траење на плаќање на премијата
- Програмата ГАД5 е програма за животно осигурување наменета за лица кои поради здравствената состојба неможат да се осигураат по некоја друга тарифа за животно осигурување, а сакаат и можат да штедат.
- Кај лицата со зголемен ризик заради хоби и професии не се пресметува доплата на премија за животно осигурување.
- Договорениот износ се исплаќа само по истекот на траење на осигурувањето, а во случај на смрт на осигуреникот се исплаќа дел од осигурениот износ.
- Во случај на доживување на осигурувањето, осигуреникот добива еден цел осигурен износ со добивката која му припаѓа.
- Во случај на природна смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, корисниците на осигурувањето добиваат дел од осигурениот износ со добивката која му припаѓа до тој период.
- Во случај на смрт на осигуреникот како последица од незгода, корисниците на осигурувањето добиваат еден цел договорен осигурен износ за смрт како последица од несреќен случај, дел од осигурениот износ за осигурување на живот и добивката која припаѓа до тој период.