Осигурување на домаќинството претставува една од најумните инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот.
Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.
Во зависност од опфатените ризици, дефинирани се 3 пакета на таканареченото домаќинско осигурување:
- Основен пакет
- Стандарден пакет
- Луксузен пакет
| Ред. Број | Ризици опфатени со осигурувањето | Луксузен пакет | Стандарден пакет | Основен пакет |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Пожар | Да | Да | Да |
| 2 | Удар од гром | Да | Да | Да |
| 3 | Експлозија | Да | Да | Да |
| 4 | Луња | Да | Да | Да |
| 5 | Град | Да | Да | Да |
| 6 | Паѓање на воздушни летала | Да | Да | Да |
| 7 | Манифестација и демонстрација | Да | Да | Да |
| 8 | Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации – тесно покритие | Не | Не | Да |
| 9 | Удар на сопствено моторно возило | Да | Да | Да |
| 10 | Провална кражба и разбојништво | Да | Да | Да |
| 11 | Трошоци за нужно сместување | Да | Да | Да |
| 12 | Одговорност кон трети лица – тесно покритие | Не | Не | Да |
| 13 | Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации – широко покритие | Да | Да | Не |
| 14 | Поплава, порој и висока вода | Да | Да | Не |
| 15 | Снежна лавина | Да | Да | Не |
| 16 | Лизгање и одронување на земјата | Да | Да | Не |
| 17 | Кршење на стакло на прозорите и вратите на станбениот објект | Да | Да | Не |
| 18 | Одговорност кон трети лица – пошироко покритие | Не | Да | Не |
| 19 | Излевање на вода од аквариум | Да | Не | Не |
| 20 | Тежина на снег | Да | Не | Не |
| 21 | Атмосферски води | Да | Не | Не |
| 22 | Удар на непознато моторно возило | Да | Не | Не |
| 23 | Удар од паѓање на дрво | Да | Не | Не |
| 24 | Вандализам | Да | Не | Не |
| 25 | Кршење на стакла на застаклени балкони | Да | Не | Не |
| 26 | Кршење на санитарии | Да | Не | Не |
| 27 | Трошоци за принудна преселба | Да | Не | Не |
| 28 | Трошоци за повторно изработување на уништени документи, изгубени и заклучени клучеви | Да | Не | Не |
| 29 | Одговорност кон трети лица – најшироко покритие | Да | Не | Не |
