Project Description

Осигурување од автомобилска одговорност (АО)

Овој вид осигурување е задолжителен со закон и се прави еднаш годишно при регистрација на возилото. Полисата за АО ја осигурува одговорноста на сопственикот на возилото ако при сообраќајна незгода им нанесе штета на трети лица.

Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) вклучува покритија за штети што настанале поради:

  • нарушување на здравјето, телесна повреда или смрт – од 337 500 до 1 012 500 евра во денарска противвредност.
  • уништување или оштетување на предмети – од 168 750 до 506 250 евра во денарска противвредност .

Ако имате потреба, истите може да ги зголемиме за одредено доплаќање.

Осигурување на возач – корисник (АО плус)

Полисата за АО можете лесно да ја надградите со АО+, и така да го осигурате возачот од телесни повреди што би ги претрпел во сообраќајна незгода. За само 599 денари годишно, добивате покритие до 25 000 евра.

Оваа полиса претставува доброволно осигурување наменето за самиот возач – доколку се здобие со телесни повреди во сообраќајна незгода што тој самиот ја предизвикал. Притоа се надоместува претрпената штета на осигуреникот во случај на нематеријална штета поради телесна повреда и материјална штета согласно важечките критериуми на компанијата.

Осигурителното покритие од дополнително осигурување на возачот – корисникот на моторни возила важи на територијата на Република Македонија и во земјите членки на Советот на Бироа за зелена карта – во повеќе од 40 земји, меѓу кои сите членки на Европската Унија.