Project Description

Ви препорачуваме уште една нова услуга – Aвтомобилска асистенција – со која го добивате најобемното покритие за моторни возила на македонскиот пазар. Така ќе можете многу поспокојно да патувате, затоа што без разлика дали сте во земјата или странство, при проблем со вашето возило, помошта е само на еден телефонски повик од вас.

Автомобилската асистенција на Сава осигурување може да се издаде со секоја АО или каско полиса и претставува 24 часовна достапност за поддршка и организација на помош при следните опасности за моторни возила:

  • Организација на асистенција
  • Покритие на трошоците:
    • за поправка во случај на помал дефект;
    • за влечење и пренос на возилото;
    • за превоз на возачот и патниците до живеалиштето (седиштето) односно крајната дестинација;
    • за изнајмување и достава на заменско возило;
    • за преноќување на корисниците;
    • за организација на испраќање на резервни делови во границите на Р.Македонија и во странство;
    • за услуга во случај на снемување на гориво;
    • за услуга во случај на губење, кражба или оштетување на клучевите на возилото;
    • за враќање на возилото кое е оштетено во странство;
    • за возачот кој го враќа поправеното возило;
    • за превоз на возилото до отпад во случај на тотална штета;
    • за паркирање (лежарина)

Изберете еден од пакетите за покритие кое најмногу ќе одговара на потребите:

  • Мини асистенција
  • Макси асистенција
  • Екстра асистенција

Во случај на незгода, побарајте асистенцијата преку следниов телефонски број:

+389 2 5101 525