Project Description

Според Законот за облигациони односи, секој што ќе нанесе штета на некое лице, должен е истата да ја надомести. Осигурувањето од одговорност ви нуди безбедност (лишува од страв), бидејќи ве ослободува од надомест на штета предизвикана поради невнимание при вршење на својата работа. На тој начин и третите лица добиваат сигурен исплатувач на штета.

Овозможуваме различни покритија во смисла на општа и професионална одговорност, зависно од потребите.

Осигурување од општа одговорност

Со осигурувањето од општа одговорност се нуди покритие на штети предизвикани на трети лица, при коишто како последица се јавува повреда на лица и оштетување на предмети.

Исто така, опфатени се штетите што ќе настанат поради поседување или употреба на објекти, простории или земја кои се употребуваат исклучиво за потребите на дејноста на осигуреникот, како и одговорноста на осигуреникот поради поседување рекламни паноа и табли за сопствено рекламирање, поради поседување лифтови за лица и товар и слично.

Осигурување од професионална одговорност

Ова осигурување ги покрива отштетните побарувања на нарачателот на услугите кои настанале поради стручна грешка на осигуреникот во вршењето на регистрираната дејност и за кои осигуреникот одговара на законска основа.