Project Description
За голем дел од правните лица, основната дејност вклучува и транспорт на стока или пратки. Транспортот се одвива постојано, што остава простор за непредвидени настани.
Со соодветно осигурување, сопственикот може да се осигура од бројни непријатности. На тој начин би се осигурала стоката од сите ризици, од оштетување при утовар и истовар и во текот на транспортот. Осигурени се оние што спаѓаат во категоријата “сите ризици”, освен некои специјални, т.е. дополнителни ризици што можат да се припишат како внатрешна маана, односно својство на стоката, како и воено-политички ризици, ризици од штрајк, нуклеарна енергија и слично.
Осигурување на стока при транспорт (карго)
Се осигурува стоката во услови на домашен или меѓународен транспорт за времетраење на транспортот, се осигурува и од оштетување или расипување при утовар и истовар.
Осигурување на одговорноста на превозникот
Нуди осигурување на одговорноста за тотална или делумна штета на пратките што ги презел превозникот за транспорт.