Project Description
Вашиот бизнис е секојдневно изложен на разни опасности, кражби, на временски непогоди или несреќи. Ние ви нудиме заштита преку осигурувањето како најбрз и најевтин начин да се обезбеди спокојство.
Изберете некое од понудените осигурувања или кажете ни ги потребите, а ние ќе креираме соодветно решение.
Осигурување од пожар и некои други опасности
Основните ризици вклучуваат: пожар и удар од гром; експлозија (освен експлозија на нуклеарна енергија); излевање на вода од водоводна и канализациоска инсталација; луња; град; удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти; паѓање на воздушни летала; манифестација и демонстрација.
Осигурување од земјотрес
Можете да ги осигурате деловните простории и предметите во нив од штети предизвикани од земјотрес.
Осигурување од опасности од провална кражба и разбојништво
Ова осигурување обезбедува заштита од извршување или обид на провална кражба и разбојништво, како и од вандализам во текот на извршување на провалната кражба.
Може да бидат осигурени:
- подвижни предмети во згради или простории, мебел и уреди во канцеларии, угостителски претпријатија, здравствени установи, заводи, интернати и слично;
- пари, скапоцености, хартии од вредност, таксени и поштенски марки и други вредности, збирки и слично;
- резерви на стока, суровини, полупроизводи, готови производи, помошен потрошен материјал и ситен инвентар во индустриски и занаетчиски претпријатија, угостителство и складишта, трговски дуќани;
- пари и други вредности додека се превезуваат или пренесуваат;
- музеи, изложби и јавни библиотеки.
Осигурување на машини од кршење и други опасности
Со овој вид осигурување се нуди осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот.
Може да бидат осигурени: машини, машински уреди, електрични уреди и нивното полнење (доколку вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените предмети), потоа апарати и инсталации со основата, лежиштето и темелот (доколку нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата).
Осигурување на стакло од кршење
Може да бидат осигурени: сите видови стакло; светлечки натписи и реклами; неонски и останати светлечки цевки.
Комбинирано осигурување на компјутери и компјутерска опрема
Со ова осигурување е обезбедено осигурително покритие за комплетната хардверска компјутерска опрема.
Осигурениците можат да изберат меѓу два пакети на покритие:
- Пакет 1 – покрива штети од пожар и некои други опасности; машини од кршење; провална кражба и разбојништво.
- Пакет 2 – покрива штети од пожар и некои други опасности и провална кражба и разбојништво.
Осигурување на објекти во градба и монтажа
Со осигурувањето на објекти во градба и монтажа се обезбедува заштита од непредвидени настани што се случуваат одненадеж во текот на градењето и монтирањето на објектите.
Може да бидат осигурени: станбени, деловни или индустриски објекти, патишта, хидроградби и слични објекти.