Project Description
Со полисата за осигурување од незгода се смалуваат финансиските трошоци што се последица од несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања. Затоа е важно вработените да бидат осигурани од траен инвалидитет, од привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, за трошоци за лекување како последица на несреќен случај, како и за смрт што е последица на несреќен случај.
За потребите на деловните корисници, можеме да препорачаме:
Осигурување на лица при извршување и вон извршување на редовното занимање
- Колективно осигурување на работниците;
- Осигурување на раководители (менаџери).
Осигурување на лица во моторни возила или при вршење на посебни дејности
- Осигурување на возачи, патници и работници за последици од несреќен случај (незгода);
- Осигурување на членови на спортски организации за последици од несреќен случај;
- Осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење со авион и други воздушни летала за последици од несреќен случај.
Посебни осигурувања од незгода
- Гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови;
- Гости во бањски лекувалишта;
- Посетители на јавни капалишта;
- Посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби.