Project Description

Интензивното користење на службените возила значи и поголема потреба од нивна заштита. Затоа подготвивме повеќе видови на покритија за целиот возен парк.

АО и АО+

Основното осигурување за автомобилска одговорност го штити сопственикот на возилото од финансиските трошоци што се последица од сообраќајната несреќа што ја предизвикал возачот. Тоа го надополнивме со осигурување на самиот возач, доколку се здобие со телесни повреди во сообраќајна незгода што ја преизвикал тој самиот.

Повеќе информации на следниов линк

Автомобилска асистенција

Ви ја препорачуваме Aвтомобилска асистенција, со која патувањата во земјата и странство се многу поспокојни. За решавање разни проблеми со возилото на пат, помошта е достапна 24 часа преку телефонски повик до асистентскиот центар.

Повеќе информации на следниов линк

Каско

Полисата за каско-осигурување нуди покритие за моторното возило доколку е оштетено или уништено поради осигурените ризици.

Повеќе информации на следниов линк

Зелен картон

Овој документ претставува територијално проширување на полисата за АО во сите европски земји кои се членки на Системот  за зелен картон.

Повеќе информации на следниов линк